Каин Веласкез е подготвен за војна со Фбарицио Вердум
Откако ја загуби титулата во тешка категорија, Каин Веласкез, вината ја префрли на себе. Тој се закани дека ќе го симне Фабрицио Вердум од престолот во реваншот против и повторно ќе си го врати шампионскиот појас.
„Ми се допаѓа тоа што ќе добијам шанса за одмазда против некој кој ме победил. Ќе биде војна и ќе продолжам да притискам напред, додека не ја добијам победата. Болката од поразот е тешка, но секогаш треба да го земеме позитивното од тоа. Што и да кажам, нема да биде подобро, но можам да направам нешто околу тоа и тоа во реваншот. Тогаш ќе им покажам на луѓето дека оваа титула е моја и она што се случи при нашата последна борба, нема значење. Ќе го докажам тоа пред целиот свет“.
Пред поразот од опасниот Бразилец, 33-годишниот Веласкез имаше само еден пораз во 14-те професионални мечеви. Во тој скор 11 од 13-те победи беа со нокаут. Значи, можеме да ги прифатиме заканите како многу сериозни.




