Каин Веласкез дебитира во кечерскиот спорт на Триплманија 27

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез ќе дебитира во кечерството на Триплманија XXVII, која ќе се одржи на 3 август.

Каин ќе учествува во битката 3 на 3 и ќе биде во тим со познатиот Психо Кловн и Коди Родос.

Триплманија е најголемиот настан во годината за ААА, најгледана во Мексико. Тие ќе се борат против Ел Тексано, Бик и мистериозно трето лице кое се уште не е претставено. Во последната ММА борба Веласкез загуби со нокаут од Френсис Нагану за 26 секунди и сè уште е нејасно дали ќе ја продолжи кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО