Ќаерката на Мухамед Али – Хана откри: Срцето му работеше цели 30 минути по смртта

Muhamed Ali-zarobenik vo svoeto telo

Смртта на легендата Мухамед Али ја потресе светската спортска, иако претходно беше пренесено дека големата боксерска легенда се наоѓа во тешка здравствена состојба и е на смртна постела.

За човекот кој му даде поинаква димензија на боксот почина на 74-годишна возраст по долгогодишно боледување. Неговата ќерка преку својот пост на социјалните мрежи откри една навистина интересна и необична анегдота од последните знаци на живот кој ги покажувал незаборавниот Али.

Ќерката Хана Али открива дека срцето на нејзиниот татко продолжило да работи и 30 минути откако откажале сите други органи, медицински феномен кој само ја потврдува натприродната сила и енергија која ја имаше според многумина најдобриот боксер на сите времиња.

„Нашите срца се многу повредени, но ние сме многу среќни што тато е сега слободен. Сите кои бевме околу него, се обидовме да останеме силни и му дошепнавме на уво: „Можеш да одиш сега, ние ќе бидеме добро. Многу те сакаме. Можеш да одиш назад кај Бога“. Сите бевме околу него, гушкајќи го, бакнувајќи го и држејќи го за рака, истовремено пеејќи ја исламската молитва. Сите негови органи престанаа да работат, но неговото СРЦЕ не престана на чука. Цели 30 минути… неговото срце продолжи да чука. Никој не видел такво нешто никогаш. Висстински доказ за силата на неговиот дух и волјата! Фала ти тато за сета твоја љубов и поддршка“!!!, – гласи емотивната порака на ќерката Хана која ги освои големите бокс фанови и стана хит на социјалните мрежи.

View image on Twitter

 Follow

Hana Ali @Hanayali

6:54 PM – 4 Jun 2016

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON