Погербот на Мухамед Али ќе биде на 10 јуни

muhamed ali so kruska

Починатиот Мухамед Али (74 години) ќе биде погребан на 10 јуни во родниот град Луисвил, Кентаки, соопшти портпаролот на семејството на боксерот, пренесува Франс прес.

Погребни говори за Мухамед Али ќе одржат поранешниот американски претседател Бил Клинтон, новинарот Брајан Гамбел и актерот Били Кристал, рече портпаролот на прес-конференција во Скотсдејл, Аризона. Церемонијата ќе се пренесува во живо преку интернет.

Семејството на боксерот кој стана легенда, ќе се собере на приватна церемонија во четврток.

Мухамед Али починал како резултат на септичен шок по „недефинирана природна причина“, рече портпаролот на семејството Боб Ганел, без да соопшти детали, посочува ТАСС.

Поранешниот светски шампион во бокс за професионалци во тешка категорија беше примен во болница во четвртокот со респираторни проблеми. Последните часови Мухамед Али ги поминал опкружен со најблиските луѓе.

Во ноќта, сабота спрема недела, Али почина во болница на 74-годишна возраст, а во последните 32 години тој боледуваше од Паркинсоновата болсет.

Смртта го затаче во болница во Феникс (државата Аризона), откако имал потешкотии со белите дробови и бил примен во здравствената установа.

Во својата професионална кариера Мохамед Али има 61 меч, при што постигнал 56 победи, од нив 37 се со нокаут. Исто така пред да стане симбол на боксот воопшто, тој има олимписка титула од 1960-та година, а во 1999-та година беше прогалсен и за Спортист на 20-тиот век.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО