Закажан реваншот Мек Грегор-Дијаз за 20 август на УФЦ 202

Mek Gregor so nekoj raskrvaven

Конечно!

Актуелниот шампион во перо категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, повторно ќе се сретне со Нејт Дијаз на УФЦ 202 на 20 август. Веста е објавена денес за време на УФЦ 199.

Дијаз го победи Ирецот во првата средба на УФЦ 196 со сабмишн во втората рунда.

Тоа е голема вест и за УФЦ, бидејќи имаа доста потешкотии додека да го решат еден од најоптоварените реванши во историјата, а Мек Грегор дури започна подготовки за бокс мечот со Флојд Мејведер.

На УФЦ 202 можеби е најважно учеството на Мек Грегор. За да го задржи својот имиџ на ѕвезда, тој мора повторно да ја подигне тежината и поразмуно да се бори против Дијаз, за да забележи победа. Потоа може спокојно да се врати во перо категорија и да ја одбрани титулата против победникот од мечот меѓу Френки Едгар и Хозе Алдо, кои ќе се сретнат на УФЦ 200.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО