Каел Сонен се согласи за дуел со Тито Ортиз

kael-sonen

Каел Сонен стан борец на Белатор и не губи време во изборот на првиот противник.

Неодамна ветеранот се огласи во нему својствен стил дека сакаа „ да му удри што е можно повеќе клоци по задникот“ на неговата турнеја, која самиот ја крсти „легендарното клоцање на задници“, а меѓу зацртаните имиња се борци како Квинтон Џексон и Федор Емилијаненко.

За време на учеството во The MMA Hour сепак тој призна дека неговата прва голема цел е едно друго легендарно име – Тито Ортиз. Еве што вели Сонен:

„Почнува мојата легендарна турнеја клоцање на задници и почнувам со Тито Ортиз на 19 ноември. Тоа е единствено договор. Нема како пофицијално да го предизвикам од тоа. Не располагам со лингвистички способности да предизвикам некого со чиста артикулација од тоа. Ако Тито не сака да го прифати предизвикот, никогаш повеќе нема да го малтретирам. Не сум тука за да му се нафрлам. Ќе го прифатам неговото „не“ и ќе продолжам напред. Но, барем засега, мојата порака за сите е следнава – на 19 ноември очекувајте „Бед бој“ против „Бед гај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON