Сол Алварез до крајот на годината нема да боксира

sol-alvarez-vo-ringot

Сол Алварез – Канело нема да боксира до крајот на оваа година, а причина за тоа е фрактурата но раката што Мексиканец ја добил за време на импресивниот успех над Лијам Смит минатиот викенд.

Против Смит Канело ја освои светската титула во ВБО верзија во лесно-средна категорија, успевајќи да го елиминира противникот со убав удар во телото.

И додека сега сите ги насочуваат погледите кон евентуален супер дуел меѓу Канело Алварез и Генади Головкин, Мексиканецот ќе се оддаде малку на одмор, поради повредениот прст на раката.

Повредата на Алварез му ја имобилизира раката на шест недели, а за негова среќа повредата не бара хируршка интервенција.

Се уште е премногу рано да се прогнозира кога точно Канело ќе се врати во рингот, но многумина очекуваат тоа да се случи на 5 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО