Јурген Брамер е последниот полуфиналист на турнирот СБСС/WBSS (ВИДЕО)

Јурген Брамер (49-3, 35 КО) е последниот полуфиналист на СБСС/ WBSS на турнирот во суперсредна категорија.

39-годишниот Германец во Шверин со едногласна одлука на судиите го совлада претходно непоразениот Американец Роб Брант (22-1, 15 КО) кој е 12 години помлад.

Судиите гласа 119-109, 118-110 и 116-112 за поранешниот двократен светски шампион во полутешка категорија.

Брамер во полуфиналето во почетокот на идната година ќе се бори со Британецот Калум Смит (23-0, 17 КО). Вториот полуфинален пар е британскиот дуел меѓу Крис Јубенк Јуниор и Џорџ Гроувс.

Во воведните борби од настанот Филип Хрговиќ во првата рундаго нокаутира Чешхот Павел Сура, додека Невенка Микулиќ загуби на поени од Данката Дин Торсланд.

https://youtu.be/5dCup6RE9OQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО