Јуниорот Филип Додевски дебитираше со победа на сениорското Светско првенство

Јуниорот Филип Додевски имаше успешно деби на сениорското Светско првенство во таеквондо во Мују, Јужна Кореа, совладувајќи го натпреварувачот од Хаити со 20-6.

Во второто коло се сретна со Србинот Дамир Фејзиќ кој е олимпиец и еден од подобрите борци во Европа од кого беше поразен. Ова е голем исчекор напред за младите македонски таеквондисти и во иднина можеме да очекуваме и поголеми успеси.

Пресотанатите наши натпреварувачи Дејан Георгиевски, Марко Стевиќ и Петра Матијашевиќ ќе настапат во среда.

Додевски е актуелен балкански јуниорски шампион, а годинава го очекува и Европското јуниорско првенство во Кипар во ноември, на кое со стекнатото искуство реално е да се очекува медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО