Деспина Јовчевска со ветувачки настап на „Галеб трофеј“!

Delini na Galbe trofej 2015

На големиот таеквондо турнир „Галеб трофеј“ од серијата Г-1 Деспина Јовчевска (-51 кг) во кадетска конкуренција беше најуспешната натпреварувачка на ТК Делини Илинден.

Јовчевска во прво коло беше слободна, а во второто ја победи претставничката на Хрватска, Миа Божичевиќ, со 6-3, земја која е велесила во женска конкуренција во таеквондо. Во третото коло беше поразена со 13-4 од Ванеса Маркова од Бугарија, носителот на златниот медал.

Despina Jovcevska na Galeb Trofej 2015

Христијан Спасовски (-59 кг) во јуниорска конкуренција беше поразен во првото коло со 13-5 од Германецот Мохамед Менсур, додека Давид Костадиновски (-68 кг) изгуби од престваникот на Грција, Николаос Агелис Спирелис,  со тесна разлика во самиот финиш на борбата 12-11.

Тренерите Ацо Анастасов и Александар Велјановски се задоволни од настапите на нашите натпреварувачи, бидејќи ова е еден од најјаките турнири во Европа. Тие велат дека формата на натпреварувачите оди во нагорна линија, а веќе на другите турнири очекуваат и резултат.

Ова е турнир од серијата Г-1 и на него се собираат бодови за Олимписките игри во Рио 2016 година. Имаше околу 1404 натпреварувачи од 52 држави, односно 429 клуба, од кадетска до сениорска конкуренција.

Турнирот беше тест за нашите јуниори за Европското првенство во Латвија, кое ќе се одржи на 22 октомври, како и за ЕП во Букурешт-Романија, за јуниори до 21 година.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО