Македонија „Рутс БЏЏ“ освои 13 медали во Монтана-Бугарија и е трета екипа на турнирот

Ekipta na BJJ Makedonija vo Monatana

Одлично издание на на Македонија „Рутс БЏЏ“ на Меѓународниот турнир во бразилско џиу џицу „Монатана БЏЏ опен 2015“ во Бугарија, освои три златни, шест сртебрени и четири бронзени медали и три медали освоија и најмладите (децата).

Екипно е трета најдобропласирана екипа по вкупниот скор. Најмалдите од детската група имаа шест борби во кои извојува истот толку попбеди.

Daniela Aleksovska vo Monatana BJJ

Дел од победите беа со брза завршница (Леон Митков и Даниела Алексовска вторите борби ги завршија за неколку секунди со зафат), се бореа со повисоки појаси во БЏЏ (Александар Колевски  победи повисок појас). Даниела беше единственото девојче, па мораше во двете борби да се бори  против момчиња каде што извојува две победи“, вели тренерот Ивица Алексовски и додава: „По турнирот можеме да кажеме дека имаме перспективна БЏЏ иднина“!

Ivica na piedestal BJJ Monatan

Стефан Пецевски освои две медала, една златен во категорија и еден сребрен во апсолутна категорија.

Иван Милошев истотака освои два медала, златен во категорија и бронзен во апсолутна категорија.

„Интересно беше во апсолутна категорија, бидејќи Милошев победи скоро 50 килограми потежок противник од Бугарија“, и стакнува Алексовски.

Дарио Ивановски освои златен медал во категорија.

Сребрени медали освоија: Александар Јакимовски (освои 2 медала – сребро во категорија и во апсолтуна во борби -виолетови појаси), Стефан Пецевски – апсолутна (сини појаси), Сулејман Ибраими – (категорија бели појаси), Огнен Кузмановски – (бели појаси) и Илија Спасески – (бели појаси).

Бронзени медали освоија: Иван Милошев – (апсолутна-бели појаси), Гораст Димишковски – (бели појаси), Мартин Стефановски – (сини појаси) и Александар Заткоски – (виолетови појаси).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО