„Јордан Мијалков“ навестува дека боксот ќе се гледа повеќе од фудбалот, „Чкембари“ доаѓаат во Штип!

goce-janeski-vo-poduevo

 Меморијалниот меѓународен турнир во бокс „Јордан Мијалков“ во недела се одржува по втор пат во Штип со најдобрите македонски и боксерите од регионот.

jordna-mijalkov-plakat-2016

„Остануваат уште два дена до настанот кој ќе го одбележи денот како боксерски празник во Штип. Боксерската екипа на БК Пинк Пантер е во завршната фаза на подготовките за настапот пред домашна публика и мечот кој ќе биде дебитантски настап на целата екипа пред почетокот на новата сезона во која ќе бидеме единствениот боксерски клуб од Македонија што ќе учествува во Регионалната боксерска лига“, вели претседателот на клубот Илија Младеновски.

На чело на екипата е шефот на стручниот штаб и прв тренер, Ристе Грбев, кој по завршните подготовки очекува позитивни резултати од боксерите.

„Пред се, најбитно е да боксерите прикажат фер, коректни и квалитетни борби, со што ќе потврдат дека местото им е во високата лига. Тоа подразбира и победа! На списокот за учество на турниров приоритет имаа имињата како што се Никола Арсов (минатогодишниот освојувач на турнирот), Мартин Алексов, Илче Јоноски и младите Александар Ристовски и Роберто Ристовски, сите од БК Пинк Пантер, како и Александар Димса Димовски, Јове Петровски од БК Пелистер-Битола и Гоце Јаневски од БК Аперкат. Сите ќе имаат задача да се справат со искусни боксери од регионов. Така што слободно може да кажеме дека „Јордан Мијалков“ е воедно подготовка и тест за она што не чека во следната сезона“, вели Грбев.

ilija-mladenovski-dava-intervju

Од управата на Пинк Пантер истакнуваат дека нивните боксери се оптимисти.Никола Арсов вели дека ќе ја одбрани титулата, Мартин Алексов е решен да ја земе во свои раце, а Гоце Јанески е уверен дека тој ќе биде најдобриот.

Сепак, сериозна конкуренција на домашните боксери ќе им бидат репрезентативците на Србија, Стошиќ и Костиќ, кои истовремено се и освојувачи на Првата лига во Србија и најтрофејните боксери на нашиот северен сосед годинава.

„Недела ќе биде денот кога покрај првотимците, во спортската сала Јордан Мијалков во Штип, ракавиците ќе ги вкрстат и најмалите, односно она што е иднината на боксот во нашата земја. Младите таленти Александар Панов, Лука Гигов, Алиџан Демиров, Стојанче Ќорпашев, Петар Арсовски, Јован Ѓошев и Сандра и Мила Ѓеорѓиеви се имињата кои веќе почнаа да пишуваат нова боксерска историја и кои се дел од секое боксерско случување во Македонија. Љубителите на благородната вештина ќе имаат можност од 16 часот да ги проследат борбите на најмалите, а сепак најголеми боксери“, наглсуваат од Пинк Пантер.

dimsa-i-tose

За турнирот е најавено доаѓањето на навивачката група „Чкембари“ од Битола, за да ги бодрат своите боксери од БК Пелистер 2007.

„Интересно ќе биде доколку и „Фалангата“ се организира и заеднички сите да навиваме за македонските боксери. Со преродувањето на боксот во Македонија и со влегувањето во Регионалната боксерска лига со квалитетна боксерска екипа ќе испратиме само една порака до нашата публика – „догодина повеќе ќе гледате бокс отколку фудбал“, потенцираат од Пинк Пантер!

Управта на Пинк Пантер ги повикува сите љубители на боксот во недела  (18 декември) да дојдат во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип и да ги бодрат боксерите, со што ќе дадат посебен придонес на боксот, не само во нивниот град, туку и во цела Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО