„Јордан Мијалков“ и 10 60 се новите клубови во Боксерската федерација на Македонија

1060 Gjorce

Боксерската федерацијата на Македонија е побогата за два клуба.

Откако денеска Комисијата при Федерацијата констатира дека новиот скопски клуб „Јордан Мијалков“ ги исполнува условите за бавење со бокс, тој стана нов член на БФМ. Клубот е со седиште во Скопјево населбата Капиштец.

Во петок треба и БК 10 60 од Ѓорче Петров, кој сега тренира во Грдаски парк, да добие дозвола за работа и да биде примен како 15 рамноправен член на Боксерската федерација.

Ова може да ги радува љубителите на боксот и боксерксите работници.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО