Јонузи и Арсов оставија добар впечаток на „Трофејот на Подгорица“ (ФОТО)

Хурмет Јонузи од БК Шкупи стигна до бронзениот медал 14.Меѓународен боксерски турнир „Трофеј на Подгорица“ изминатиов викенд во Црна Гора.

Во осминафиналето Хурмет беше слободен, а во полуфиналето изгуби на поени од  репрезентативецот на Хрватска и така му припадна бронзениот медал.

Кристијан Арсов од БК Јордан Мијалков се бореше против репрезентативец на Норвешка, што всушност му беше и прв меѓународен меч.

„Добро се држеше. Ги избоксира трите рунди, но искуството си го направи своето. И двајцата оставија добар впечаток“, вели тернерот Насер Харуни.

 На овој силен турнир учествуваа боксери од 13 земји: Македонија, Грција, Косово, Албанија, Србија, Словенија, Италија, Унгарија, Франција, Турција, Бугарија, Норвешка и Црна Гора.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО