Јодсанклаи се врати со победа во Кина (ВИДЕО)

Јодсанклаи Фаертекс по повеќе од една година отсуство поради повреда на коленото се врати на Кунлун фајт во кинескиот Санји.

Наместо со првично најавениот Седрик Манхоеф, тајландски гигант се бореше против Русинот Сејфулах Хамбахадов и откако го собори со три аперкати во втората рунда од аголот на Русинот ја фрлија крпата.

Андреј Клубеин и Мохамед Мезуар ги освоија квалификациските турнири во категоријата до 70 килограми. Кулебин на поени го попбеди Белгианецот Али Махи и во финалето Кинезот Конг Лингфенг.

Мароко во полуфиналето го победи Ерменецот Арман Хабрајан со одлуката на судиите, додека во финалето во првата рунда го нокаутираше Италијанецот Данило Занолини.

Во суперборбата на тешкашите Кинезот Је Ксијанг со прекионво првата рунда го совлада Стив Бенкс, кој само пред три дена во Бангкок ја освои титулата на ВБЦ во мај тај.

https://youtu.be/qKOmjvXbJUY

https://youtu.be/Uv44KXUtVe0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО