Јашаровски убедливо до четвртфиналето на Европското првенство за ученици

Фурхан Јашаровски извојува убедлива победа со прекин во првата рунда против Хравтот Давид Кухар на Европското првенство за ученици во Сараево, Босна и Херцеговина.

Јашаровски од првата секунда тргна офанзивно во тотален бокс, а тоа беше прифатено и од Кухар, но брзо се најде во нокдаун по серија удари од нашиот репрезентативец. На 28 секунди до крајот на првата рунда уште еднаш му броеја и судијата во рингот ја прекина борбата, а тоа за Кухар беше неприфатливо.

Јашаровски во четвртфиналето ќе се бори со Александру Ценуса од Молдавија кој го бобеди Рејан Јакуповиќ од Босна и Херцеговина со 5-0. Победата ќе значи и најмалку бронза на ЕП.

Борбата на нашиот втор претставник денеска Алиџан Демиров траеше една минута. Доби еден удар од белорускиот боксер по што му броеја, а потоа беше побарана лекарска помош и на 56 секунди до крајот на правта рунда мечот беше прекинат. Од нашиот табор подоцна известија дека на демиров му се изместило рамото.

Рион Бајрами загуби на поени од Турчинот Топрак Салман 0-5.

Вчера Баки Аети технички добро избоксира со Ерменцот Самвел Сирамаргјан, но во сите рунди Самвел имаше мала предност со еден до два удари што беше пресудно кај судиите за едногласна одлука.

Европско за ученици – резултати:

42 кг – 14 боксери

Фурхан Јашаровски – Давид Кухар (Хрватска) 5-0 (ТКО, Р1)

Фурхан Јашаровски – Александру Ценуса (Молдавија) 16 август

50 кг – 16 боксери

Алиџан Демиров – Андреј Кипел (Блелорусија) 0-5 (ТКО, Р1)

54 кг – 15 боксери 

Рион Бајрами – Топрак Салман (Турција) 0-5

60 кг – 15 боксери

Баки Аети – Самвел Сирамаргјан (Ерменија) 0-5

63 кг – 11 боксери

Алтин Османи – Иван Некиќ (Хрватска)16 август (четвртфинале)

54 кг – 9 боксерки

Мила Геогиева – Јулие Полденикова (Чешка) 0-5 (ТКО, Р1)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО