Федор сам го бирал противникот: Тимоти Џонсон не е шега

Главната ѕвезда на настанот на Белатор што ќе се одржи на 23 октомври во Москва ќе биде Федор Емелијаненко. Руската ММА легенда ќе се бори со Американецот Тимоти Џонсон.

Многумина беа разочарани од изборот на противникот на Федор, особено кога се знаеше дека Фабрицио Вердум, Џош Барнет, Јуниор дош Сантос се на листата на можни кандидати.

Претседателот на Белатор, Скот Кокер, истакнува дека Федор сам го избрал противникот.

„Разговаравме за можните противници и Федор размислуваше за нив. Ја гледаше борбата меѓу Молдавски и Џonонсон и ми рече дека сака да се бори со Џoнсон доколку Молдавски загуби. Сакаше да се бори со некој рангиран борец. Но, Молдавски победи, па го оставивме Федор уште малку да размисли. на крајот се одлучи за Џонсон“, рече Скот Кокер и продолжи:

„Можеби би можел да добие шанса против Рајан Бадер. Му понудивме неколку борци, но Федор избра за себе. Тој заслужува да го избере својот противник во последните борби. Федор најверојатно ќе се пензионира по таа борба, иако би можел да има уште една борба пред да се пензионира. Сепак, тој е најдобриот тешкаш во историјата“.

Првиот човек на Белатор предупредува дека Тимоти Џонсон е многу опасен противник.

„Тимоти Џонсон не е шега. Тој го победи Чеик Конг и го нокаутира Тајрел Форчн. Издржа пет рунди против Молдавски, кој е исклучително тежок борец. Федор не го избра најлесниот противник. Тој се уште сака да се бори со најдобрите борци, а верувам дека планира да се бори и со Бадер за шампионскиот појас“, тврди Скот Кокер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО