Јан Блахович започна тренинг камп

Јан Блахович го започнува тренинг кампот на УФЦ.

Поранешниот шампион во полутешка категорија очигледно е решен да направи уште една борба годинава. Во средината на мај Јан се соочи со Александар Ракиќ и го совлада со ТКО во 3. рунда. Победата дојде откако Ракиќ се здоби со повреда на коленото.

Со победата Јан се врати на победите откако претходно ја загуби титулата од Гловер Тешеира. Блахович сакаше борба за титулата, но УФЦ најави реванш меѓу Тешеира и Јиржи Прохаска. Така Блахович ќе мора да направи уште 1 борба за да заслужи шанса.

„Каде што има чад, таму има и оган. Кога ќе започне кампот, сигурно ќе има битка на хоризонтот. Гледам во хоризонтот“, напиша Блахович на социјалните мрежи.

Ако го погледнеме пласманот во полутешка категорија, тогаш најзначајна е борбата меѓу Блахович и Магомед Анкалаев. И двајцата имаат претензии за титулата и таквата борба би создала неприкосновен кандидат за појасот.

Останува да видиме кој ќе биде противник на Полјакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jan Blachowicz (@janblachowicz)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО