Јан Блахович: Го победувам Тешеира и излегувам на мегдан со Прохаска

Јан Блахович смета дека борбата меѓу него и Јиржи Прохаска треба да се одржи само во Европа. Кон крајот на следниот месец ќе видиме дуел меѓу Блахович и Гловер Тешеира. Тие ќе се борбат за титулата на УФЦ 267 во полутешка категорија во Абу Даби.

УФЦ го избра Прохаска како резерва на средбата и тој ќе се приклучи доколку има повлекување во последен момент. Јан е во серија од 5 последователни победи и загуби само 1-на од последните 10 битки.

Блахович верува дека ќе се справи со Тешеира, а потоа се надева дека ќе се бори со Прохаска. Јиржи започна многу силно во УФЦ и пружи одличен спектакл на навивачите.

Полската легенда тврди дека цела Европа ќе сака да го види против Прохаска.

„Јиржи Прохаска направи одличен старт. Тој е луд борец, но на добар начин. Прохаска има луд и див стил и знае како да го искористи. Верувам дека ќе се борам со него, но сега мислам на Гловер Тешеира.

Можеби во иднина ќе се борам со Прохаска некаде во Европа. Ако одам да се борам со Јиржи, тогаш тоа треба да биде во Полска или некаде во Европа. Верувам дека сите во Европа ќе дојдат да ја гледаат оваа битка.

Сега морам прво да го победам Тешеира. Фокусиран сум на тоа и се надевам дека ништо нема да се промени. Кога ќе го победам Гловер, тогаш можеби следно за мене ќе биде Прохаска.

Сепак, оваа борба не треба да биде во Абу Даби или САД. Мора да е во Европа“, рече Блахович.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО