Лук Рокхолд и Јан Блахович синоќа се судрија на УФЦ 239 во Лас Вегас. Тоа беше дебитантска борба на Рокхолд во полутешка категорија и пак беше нокаутиран.
Во првата рунда и двајцата разменуваа удари. Рокхлод го турка лево и го притиска Блахович до мрежата каде што разменуваа удари со колена, а Лук се обиде да го урне. Рокхолд се обидува со гилотина, но не успева. Блахович задава силен удар со лактот додека се држат. Од клинчот Блахович се исфрла лево. Рокхолд задава удар во главата. И повторно се удираат. На крајот на првата рунда Блахович задава силен удар во главата на Рокхолд и успева да го разниша, но сирената го спасува видливо здраманиот борец.
Во втората рунда Рокхолд со удари со нога, но со силна левица Блахович го привлекува вниманието. Блахович мава со предна нога по Рокхолд. Влегуваат во клинч и си разменуваат силни удари со колено. Моќна левица од Блахович и Рокхолд паѓа во нокдаун и се гледа дека онеспособен, а Блахович ја завршува средбата со уште неколку удари.
Ова е прва победа за Полјакот во 2019 година, која пред неколку години изгуби со нокаут од Тијаго Сантос. Рокхолд влезе во серија од два последователни порази со нокаут и загуби 3 од неговите последни 4 битки со тешки нокаути.