Реваншот Фјури – Вајлдер на 22 февруари

Тајсон Фјури потврди дека ќе боксира со шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер во реваншот на 22 февруари.

Нивниот епски меч минатиот декември заврши контроверзно со реми.

„Ри-мечот е договорен и потпишан. На 22 февруари. Овојпат не сум надвор од рингот три години, овојпат немам пиено алкохол и овојпат е време да излезам и да го нокаутирам“, изјави Фјури при посета на Шкотска.

Фјури имаше импресивно враќање откако прво во 2015 го шокираше Владимир Кличко и стана апсолутен шампион во тешка категорија. По ова следуваше депресијата, борбата со зависноста од алкохол и кокаин, пред да „симне“ 20-тина килограми и да се врати во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО