Извонреден документарец: Се борат за Фидел – кубанското боксерско чудо (ВИДЕО)

Kubanski deca bokseri

Погледнете го извонредниот документарен филм на Би Би Си за кубанското чудо – боксот.

Кога Фидел Кастро го забрани професионалниот спорт во Куба во 1962 година, соништата на илјадници борци загинаа заедно со идејата дека Ел Пресиденте, ќе формира демократска влада. Во деценијата што му претходеше на Кастро пред револуцијата, многу борци од светска класа доаѓа од Куба. Кој знае уште колку ќе се појавеа, ако не беше забраната. Откако револуцијата триумфираше и комунизмот го презеде остров, нови сништа и беа продадени на борците. Не се борат за пари, се бора тза Куба. Не се борат за слава, се борат за гордост. Вива Куба! Вива Фидел!

Куба, земја на повеќе од 11 милиони луѓе, а по големина е колку Пенсилванија во САД, има произведено алармантен број на олимписки шампиони. Куба може да се пофали со аматерски тим кој доминираше меѓународната сцена три децении. Мистиката за кубанскиот национален тим во бокс останува моќна, иако комунизмот се распадана во целиот свет. Боксот и понатаму останува извор на гордост за земја која се распаѓа, структурно и финансиски.

https://youtu.be/w-1Omcz7YQ0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО