Азиз Исмаил е подготвен за Истанбул, а Вие?

Aziz Ismail reklama za Istanbul open Premier

На 3 и 4 септември се одржува Карате 1 Премиер лигата во Истанбул – Турција. Ова е последна проверка за многу репрезентации пред Светското првенство во Линц, Австрија, а за други и обезбедување на место за најголемиот собир на каратистите во светот. Во таква позиција се и неколку наши репрезентативци, а за некои е само одмерување на силите.

Турците на големо го рекламираат турнирот на Премиер лигата бидејќи според кавлитетот на натпреварувачите ќе биде еден од најсилните за оваа година. Во  овие реклами се вклучени многу карате ѕвезди, како Рафаел Агаев. Меѓу оние кои им оставиле впечаток се и македонските каратисти, при што посебно е нагласен картистот на скопски Металург Азиз Исмаил.

Agaev na reklama za Istanbul

Исмаил ни потврди дека ќе учетсвува на Премиер лигата во Истанбул во неговата категорија до 75 килограми, иако место за СП во Линц има обезбедно Енес Смаилагиќ. Азиз годинава имаше ипресивни настапи и во репрезентацијата до 21 година и во сениорска конкуренција. На Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар, го освои бронзениот медал, откако го совлада Португалецот  Мигуел Диз. Во декември минатата година стана балкански шампион во истата конкуренција во Дубровник, а и првак на Македонија

Овие реклами ги постира генералниот секретар на Турската карате федерцаија, Ерџумент Тасдемир, под мотото „Јас сум подготвен, а вие“?

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО