Излезе официјалниот палкат за семинарот на Халдун Алагаш, кој се одржи на 5 март во Скопје, односно во наслебата Методија Андонов-Ченто. Семинарот е во органзиација на КК Куштрими од Скопје.
Турската и светска карате легенда, Халдун Алагаш, во Македонија доаѓа за прв пат.
Алагаш (1970) е двократен светски првак -1998 и 1999 година, трократен европски шампион – 1991, 1997 и 2000 година, а во 1989 година е вицешампион и пет пати освојувал бронзен медал -1990, 1992, 1996, 1998 и 2001 година.
Сите оние кои ќе го посетат семинарот ќе имаат можност да научат многу борбени техники и тоа како се стигнува до титули.
Ipon.mk/В.Д.