Иво Цветковски: Ќе бркам два медала на Европското првенство- и во поединечна и во екипна конкуренција (ФОТО/ВИДЕО)

Ivo Cvetkovski napiedstal Lasko 2016

Каратистот на Металург од Скопје, Иво Цветковски, за две недели направи голем напредок во резултатска смисла во неговата категорија до 75 килограми, бидејќи на Балканското првенство не освои медал, а на Светскиот куп „Лашко 2016“ стана прв на убедлив начин. Од друга страна, на БП имаше еден тежок меч во екипниот дел против Хрватска во финалето и доби еден тежок удар, поради што златниот медал од Словенија има поголем сјај, а беше направен и во многу поголема конкуренција. 

Ivo pregrnat so Mirce na Lasko 2016

За две недели голема трансформација на Иво Цветковски меѓу Балканското првенство и Светскиот куп во Лашко. На што се должи тоа?

-Па вака, на Балканското првенство добро стартував, имав супер почеток со две победи против репрезентативецот на Словенија со 2-0 и во второто коло со репрезентативец на Албанија со 6-4. После тоа имав пад на концентрација и загубив од малдиот репрезентативец на Босна и Херцеговина….Не бев задоволен од прикажаното на Балканското првенство. Може да кажам дека тоа бесе еден лош ден за мене. Следниот ден ни беше екипното и бев во доста поголемо расположение, при што го дадов максимумот и го освоивме второто место.

Беше ли лесно да се стигне до првото место на СК „Лашко 2016“?

-Во Лашко бев супериорен. Формата ја подигнав за две скалила и тоа ми годонесе првото место. Во мојата категорија имаше 50 натрпреварувачи за разлика од Балканското каде што имаше по 25-мина во категорија. И, сметам дека ова беше многу појак турнир од БП. Имав тешки борби. Во првото коло бев слободен, а во второто се сретнав со Бугаринот Стефан Петков и го совладав со 4-0. Во трето коло се сретнав со јуниорскиот светски и европпски првак, Унагрецот Габор Харспатаки. Тоа беше доста тежок меч, а јас бев супериорен и го совладав со 1-0. Во четвртото коло се борев со репрезентативецот на Швајцарија, Мурат Санин, и го совладав со 2-1, а во полуфиналето немав борба, затоа што противникот заработи нокаут во претходната борба. Во финалето се сретнав со натпреварувач од Саудиска Арабија, Мајед ал Халиф, и бев доминантен и сигурен и го совладав со 3-0.

Ivo Cvetkovski-i-Mirce-Janusevski na Lasko 2016

Борбата за место во репрезентацијата во твојата категорија стана многу инттересно, бидејќи имаш силна конкуренцијја во Енес Смаилагиќ, кој годинава стартува со блаканска титула, клупскиот другар Азиз Исмаил, младиот Петар Заборски. Од што ќе зависи местото во репрезентцаијата?

-Местото во репрезентацијата ќе зависи од настапот во Салзбург на Карате 1 Премиер лигата. Се надевам на резултат и оттаму

Ако се избориш за место во репрезентацијата, може ли да очекуваме медал од ЕП или СП?

-Формата ќе ја подигнам на уште поголемо ниво и резултатот ќе биде неизбежен.

karate reprezentacija maski BP 2016

Што друго очекуваш годинава?

-Исто така сакам да кажам дека како екипа имаме големи шанси за медал на следното Европако првенство. Имаме доста искусна екипа, имаме добри поединци како што се Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Сашко Патраклиев, кој има многу натпреварувања,  јас, малдите Енес Смаилагиќ, искусниот Тодор Ристески, кој е во одлична форма. Со добар жреб, малку среќа, мислам дека на следното Европско првенство медалот ќе биде наш.

Видео од Лашко.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО