Иван Штирков за 70 дена ќе се бори во 3 различни спортови

Рускиот ММА борец Иван Штирков, попознат како „Уралски Хулк“ реши да направи интересен експеримент.

На 34 години тргнал на голем маратон. На 26 август во Арена ЦСКА ќе се одржи боксерски турнир, каде што Штирков ќе се соочи со Константин Ерохин наречен „Руската мечка“.

Ова ќе биде втора борба во бокс за Штирков, кој дебитираше со пораз од Магомед Исмаилов. Неодамна Штирков проговори за својата иднина и најави дека на 22 септември ќе учествува на голем турнир од РКЦ ММА.

Се уште не е понзато кој ќе биде неговиот противник, но од РЦЦ тврдат дека би можело да има реванш со Исмаилов. На 4 ноември Штирков ќе се соочи во уште една борба, но според правилата на кик боксот. Тогаш Иван ќе се бори со Владимир Минеев.

Излегува дека за 70 дена Иван ќе има 3 борби во 3 различни видови на боречки вештини. Според се, сите тројца негови ривали ќе бидат врвни, па маратонот ќе биде тест за силите на Штирков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО