Гркот Бланас ја откажа борбата против Даниел Стефановски

Македонскиот воин – Даниел Стефановски требаш на 29 септември во Цирих, Швајцарија, да се бори против Бланас од Грција на Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијата.

Гркот Бланaс ја откажа борбата, сега Сетфановски е во потрага по нов ривал.

„Новиот противник ќе биде објавен наскоро! Фала на сите за поддршката“, напиша на Фесјбук Стефановски.

Неодамна Даниел Стефановски ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО