Италијанскиот боксер Даниеле Скардина, познат по прекарот Кралот Торето, се бори за живот

Познатиот италијански боксер Даниеле Скардина, познат по прекарот Кралот Торето, се бори за живот.

Скардина моментално е во кома по операција на мозокот. Станува збор за итна операција поради сè што се случило по еден тренинг кога му се слошило.

Тој го напуштил рингот на нозе, но во соблекувалната паднал во бессознание. Веднаш бил префрлен во болница, каде што му била извршена операција и било констатирано дека има обилно крвавење во мозокот.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, двете операции поминале добро, но во вакви ситуации, најтешки се наредните неколку часа, па и денови по операцијата. Сега, Скардина е во кома и се чека неговата реакција.

Инаку, тој ѝ е познат на пошироката јавност и по тоа што беше во врска со една од најубавите жени во светот на спортот, Дилета Леота. Двојката долго време беше заедно. Дилета, како и многу другарки на Даниеле, сега се моли за негово здравје. Спортската новинарка сподели порака на својот инстаграм-профил.

„Само напред, Дани“!, напиша Дилета Леота.

Инаку, Даниеле Скардина се подготвуваше за натпревар што требаше да се одржи на 24 март, во Милано, против Белгиецот Седрик Спере.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО