Дарко Димитриев е избран за спортист на Кавадарци за 2022 година

Дарко Димитриев  вечерва е прогласен  за спортист на 2022 година во Кавадарци. Димитриев е член на  Центарот за боречки вештини ,,Будо”, инаку најдобар спортски колектив за минатата година, додека Александар Ристовски од овој клуб, го доби признанието за најдобар тренер.

Димитриев се заблагодари на признанието и рече дека ќе даде максимум од своите можности, за уште поголеми спортски успеси.

Во Домот на културата ,,Иван Мазов – Климе” беа доделени признанија на најдобрите спортисти во Општина Кавадарци, за годината што измина. Беше тоа 20 издание на доделување на спортски признанија. Најдобар млад спортист е Данка Стојкова, од Карате клубот ,,Сансаи Метал Апостолов”. Најдобар спортски новинар е Мики Виденовиќ.

Најактивен планинар е Дарко Најдов од планинарско спортскиот клуб ,,Орле”.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека Кавадарци има талентирани спортисти и секогаш дава поддршка за спортот во општината.

Фото: ФБ на Митко Јанчев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО