Исмаилов со судни маки го победи Штирков (ВИДЕО)

Магомед Исмаилов успеа да се избори со моќниот ривал Иван Штирков на АЦА 115 во Москва. Исмаилов борбата во тешка категорија ја доби со судиска одлука.

На почетокот почнаа да се бркаат и се обидоа да зададат тешки крошеа. Штирков беше доста агресивен, но Исмаилов не се предаваше. Магомед постигна силен удар со левицата и ја наруши рамнотежата на Иван кој остана на нозе. Магомед притиска и го држи центарот, а Штирков е закачен на мрежата. Обид за соборување на Штирков, но без успех. Влегуваат во клинч и Исмаилов се обидува да го собори, но без успех.

Моќно колено од Исмаилов и нов обид за негово соборување, но и овој пат не успеа. Магомед ја скрати дистанцата и се фати за ногата на Штирков во обид да го сруши, но повторно без успех. Тешки удари од Исмаилов на крајот од рундата, а Иван се обидува со атрактивен удар, но не ја наоѓа целта. Борбата се пренесува на партер и на крајот на рундата. Во втората рунда, двајцата разменија тешки крошеа, по што Исмаилов го фати Штирков и го фрли на партер.

Исмаилов доминира на партер и наскоро застанува на нозе. Магомед е побрз од Иван, кој веќе тешко дише. На крајот од рундата битката се пренесува во партер, каде што Исмаилов е доминантен. Во последната рунда Исмаилов продолжи да биде поактивен и побрз од Штирков, кој немаше воздух и чекаше контра. Влегоа во клинч, каде што Магомед го казни со аперкат.

Следуваше соборување и контрола од страна на Исмаилов. Штирков едноставно го заврши мечот и не му се закани на противникот со ништо. Битката донесе одлука што беше едногласна во корист на Исмаилов – (29-28, 30-27, 30-27, 30-27, 29-28). Со оваа победа Магомед влезе во серија од 11 последователни победи. По битката тој ги остави раквиците во центарот на кафезот и навести повлекување, но подоцна си ги прибра.

Резултати – ACA 115:
Магомед Исмаилов со одлука го победи Иван Штирков
Магомедрасул Хасанов со одлука го победи Артјом Фролов
Јусуф Раисов со одлука го победи Егор Голубцов
Андреј Гончаров со нокаут го победи Адлан Батаев во Р2
Муслим Магомедов со одлука го победи Мурат Гугов

Алихан Сулејманов со завршница го победи Нурсултан Касимханов Р2
Мохамед Коков со одлука го победи Ердесон Батиста
Евгениј Егембердиев го победи Лук Барнет со нокаут Р1
Дмитриј Побережец го победи Руслан Магомедов со нокаут Р3
Биберт Туменов го совлада Алексеј Полпудников со нокаут Р1
Денис Смолдарев со одлука го победи Елхан Мусаев
Франциско Де Лима со одлука го победи Магомед Хаџиев
Магомедсаигид Алибеков со одлука го победи Клаудио Чезарио
Арен Хакбајан го победи Алан Гомеш Де Кастро со ЗАВ Р2
Михаил Балакирев го победи Ахлидин Мирзадавлатов со дисквалификација



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО