Македонските кикбоксери имаа жетва на медали на Балкан бест фајтерс (ФОТО)

2465

Кикбосерите од македонските клубови освоија 29 медали (9 златни, 5 сребрени и 15 бронзени) на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ во Јагодина.

Овој биланс е со мала задршка, бидејќи системот не ги исфрли сите резултати до крај од вториот ден, што значи дека успехот може да е и поголем.

Нашиот ас Димитар Георгиев во финалето до 86 килограми во лоу кик против Милош Јанковиќ од Србија извојува победа на поени.

Бобан Илиоски е прогласен за најдобар борец на турнирот во ринг. Илиоски противникот го победи со нокаут Вања Илиќ од Србија во К1 до 91 кг.

Медалите ги освоија – втор ден:

Бобан Илиоски златен медал, -91 кг, сениори, К1, Шампион

Димитар Георгиев златен, -86 кг, сениори, лоу кик Адора Работнички

Васко Илиев златен, -63,5 кг, сениори, К1, Мај тај комбат-Радовиш

Емир Ибраими бронзен, сениори, Шампион

Марко Тодоров бронзен, јуниори, Шампион

Марко Андонов бронзен, -71 кг, постари јуниори, лоу кик Тим Зоран-Струмица

Фериз Азири брозен, -48 кг, помлади јуниори, лоу кик  Наско тим – Скопје

Иле Левков бронзен, -71 кг, помлади јуниори, лоу кик Лидер – Виница

Дамјан Зафировски златен, -75 кг, помлади јуниори, лоу кик Шампион – Скопје

Филип Ризов златен, -63 кг, сениори, лоу кик Кавадарци

Стефан Каевски сребрен, -63 кг, сениори, кик лоу Шампион-Скопје

Езгон Рамадани сребрен, -69, сениори, кик лоу Тетова-Тетово

Претар Мијоски бронзен, -74 кг, сениори, кик лајт Шампион-Скопје

Јусуф Шабани бронзен, -79 кг, сениори, кик лајт Тетова-Тетово

Слаѓан Димиќ златен, -89 кг, сениори, кик лајт Шампион-Скопје

Дамјан Радевски бронзен, -89 кг, сениори, кик лајт Куманово

Марко Горневски сребрен, -69 кг, јуниори, кик лајт Гладијатор-Скопје

Петар Христовски бронзен, +94 кг, јуниори, кик лајт Гладијатор-Скопје

Горјан Ристовски бронзен, -69 кг, кадети, кик лајт Гладијатор-Скопје

Алјан Исуфи бронзен, + 69, кадети, кик лајт Тетова-Тетово

Викторија Варадинова бронзен, -60, сениори, лоу кик, Шампион -Скопје

Медалите ги освоија-прв ден:

Филип Митровски сребрен, +91 кг, лоу кик, сениори Адора Рабонички

Славе Делиовски бронза, -81 кг, лоу кик, постари јуниори Тим Зоран

Владанка Бојкова бронза, -65 кг, кик лајт, јуниори Гладијатор-Неготино

Силвио Мировски златен, -52 кг, кадети, кик лајт Гладијатор-Скопје

Туркер Исамил сребрен, -42 кг, пионери, кик лајт Шампион-Скопје

Јани Постолов бронзен, +47 кг, пионери, кик лајт Лидер-Виница

Фати Беџети златен, -27, деца, поинт фајт Тетова-Тетово

Александар Арапов златен, -37, деца, поинт фајт Тим Зоран – Струмица

Ipon.mk