Иса Бајрам најдобар боксер на „Санел Мартиновиќ“ како дел Опен Балкан купот
На Опен Блакан купот и Олимписки надежи Иса Бајрам од Пинк Пантер е прогласен за најдобар боксер, а Омар Баховиќ (Бијело Поље) и Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) се најборбен пар на турнирот.

Меморијалниот турнир „Санел Мартиновиќ“ во Бијело Поље, Црна Гора, кој е во програмата на Опен Блакан купот и Олимписки надежи Иса Бајрам од Пинк Пантер е прогласен за најдобар боксер, а Омар Баховиќ (Бијело Поље) и Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) се најборбен пар на турнирот.

Противникот на Александар Панов имаше проблеми на мерењето, така, штипскиот боксер без борба го доби мечот.
„По денешниот (вчерашниот) настап мора да нагласиме дека водството на БК Пинк пантер боде во очите на сите боксерски екипи од регионот, па многу судии се наклонети кон домашните и своите екипи, а нашите боксери беа оштетени и денес во неколку борби. Посебно беше забележливо во борбата на Езел Шабан каде по огромната доминација на нашиот боксер беше подигната раката на противникот, односно домашниот боксер!

Но и покрај сите неправди и пречки, БК Пинк пантер и понатаму останува на врвот на табелата на оваа исклучително силна лига!
Нашите боксери под водство на тренерот Петре Чурлиновски и понатаму трупаат успеси и искуства, па оваа сезона покрај меѓународната балканска лига, цврсто можеме да ветиме дека ќе атакуваме истовремено и ќе ја освоиме и македонската, односно домашната лига!
Се гледаме на 29 март во Штип на првото коло од Боксерската лига на Македонија“, напишаа на својата страница од Пинк пантер.

Резултати:
Лига на олимписки надежи
У-14
40-41,5 кг Езел Шабан (Пинк пантер) – Еџит Прелјевиќ (Микс) 1-3
У-15
40-41,5 кг Максим Ковачевиќ (Ц. Ѕвезда) – Али Расимов (Пинк пантер) 1-4
Опен Балкан куп
У-17
46-48 кг Марко Чурлиновски (Пинк пантер) – Елдар Лотинац (Олимпикус) 0-5
54-57 кг Лазар Димитров (Пинк пантер) – Саво Сарачевиќ (Бијело Полје) 0-5
54-57 кг Матија Којовиќ (Бијело Полје) – Ненад Наков (Пинк пантер) 5-0
57-60 кг Иса Бајрам (Пинк пантер) – Елдин Фејзи (Професионалац ПА) 5-0 ТКО Р3
60-63 кг Омар Баховиќ (Бијело Полје) – Зулфиќар Бајрам (Пинк пантер) 5-0
У-19
60 кг Лео Панов (Универзалци) – Дарис Мусовиќ (Бијело Полје) 0-5



