АктуелноБорењеЕвропски првенства
Познати противниците на борачите на Европското првенство во У-23

Борачите ги добија противниците на Европското првенство за помлади сениори (У-23) во Зрењанин, Србија, што почнува денес.
Бесир Алили ќе старува од четврфинале каде што го чека победникот од Марасагишвили – Крејзиу, а Дарио Димитров ќе се бори против Полјакот Матеуш Пеџицки. Жребувањето за Марија Спирковска ќе биде подоцна.
Европско првенство У-23:
-61 кг Бесир Алили – Резо Марасагишвили (Грузија)/ Ајнди Крејзиу(Албанија) ¼ финале
-79 кг Дарио Димитров – Матеуш Пеџици (Полска) 1/8 финале
-50 кг Марија Спирковска



