Ирски таеквондист кој настапи на Олимпијадата претепан во Даблин

Ирскиот таеквондо борец Џек Вули, кој ја претставуваше својата земја на Олимписките игри во Токио, бил хоспитализиран откако бил претепан во Даблин.

Вули бил со свои пријатели, кога непознати лица го нападнале. На теквондистот морало да му бие шиено лицето со неколку шевови. Како што истакна самиот Вули, во иднина можеби ќе му биде потребна пластична хирургија.

На Олимписките игри, Вули загуби од Лукас Гузман од Аргентина во шеснаестинафиналето. Тој стана првиот ирски таеквондо спортист што настапил на една Олимпијада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО