Ирфан Алија: Алагаш е атрактивен борец, кој направи ренесанса во каратето

Irfan, samir i ismet

На 5 март во Скопје доаѓа големиот Халдун Алагаш за да одржи семинар. Еден од „виновниците“ за неговото доаѓање е Ирфан Алија од КК Куштрими од Скопје.

Haldun Lagas vesnici

„Во последно време нема многу големи имиња од светот на каратето, посебно во борби, да дошле во Македонија. Затоа се одлучивме за Халдун Алагаш кој е големо име во светот на каратето. Сепак, големата врска е нашиот член Самир Салиу, кој има роднинински врски со Алагаш, односно со неговиот асистент Ејуп Ѓукон, а извесно време и има тренирано кај него“, вели тренерот на Куштрими, Ирфан Алија.

Alagas plakat

Ирфан со карате се бави 30 години, а првите чекори во каратето ги почнал во Солидарност, а потоа продолжил во Лирија, Вардар, Цветан Димов. Во 2012 година со Исмет Шерифи го формираат Куштрими во населбата Методија Андонов-Ченто.

„Алагаш е многу атрактивен борец, кој направи ренесанса од традиционалното во модерно карате. Едноставно, го промени сфаќањето за каратето“, вели Алија.

Исмет Шерифи истакнува дека каратистите од нашата земја има што да видат на неговиот семинар.

„Но, и тој ќе има можност да види со каков квалитет располага Македонија. Ова е можност за продлабочување на односите меѓу турската и Македонската карате федерација, бидејќи тој директно е ангажиран во нивната Федерцаија“, посочува тренерот Шерифи, кој карате карирата ја почнал во Карпош кај Славе Пашоски.

Меѓу карате фелата владее голем интерес за семинарот на светската карате легенда, затоа се бара и поголема сала, бидејќи првично изнајмената не можела да одговори со каппацитет.

Алагаш (1970) е двократен светски првак -1998 и 1999 година, трократен европски шампион – 1991, 1997 и 2000 година, а во 1989 година е вицешампион и пет пати освојувал бронзен медал -1990, 1992, 1996, 1998 и 2001 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО