Брок Леснар: Ронда треба да се научи да губи

brok lesnar

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Брок Леснар, многу знае за предизвиците – за подемите и падовите. Поранешната шампионка Ронда Русеј допрва полнува да ги учи, откако загуби со нокаут од Холи Холм. Во последното интервју Русеј изјави дека размислувала за самоубиство по мечот.

Затоа Леснар и нуди неколку поучни зборови.

„Јас сум голем фан на Ронда уште од почетокот на нејзината кариера. Нешто што научив, а мислам дека и таа би требало одамна да има научено, дека треба да знае како да губи пред да почне да победува. Ова е нешто што ме научи мојот тренер уште додека бев мал, бидејќи не умеев да губам. Треба да можеш повторно да се качиш на коњот.

Животот е многу важен и многу краток, а еден дуел не треба да прекинува твојата кариера. Таа мора повторно да се качи на коњот и верувам дека ќе успее“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО