Ирене Алдана и Керол Роса фотографирани во болница по УФЦ 296 (ФОТО)

Ирене Алдана и Керол Роса беа фотографирани во болница по нивната борба.

Двете жени се пресметаа во меч во бантам категорија на УФЦ 296 во Лас Вегас. Нивната борба беше вистинска војна, а нивните лица по средбата се доказ за тоа. Ирене успеа да победи со одлука на судиите и се врати на победничките патеки. Роса се врати на поразите во УФЦ.

Нивниот меч го импресионираше раководството на УФЦ, кое го избра за „Борба на вечерта“. Ова им донесе бонус од 50.000 долари и на двете. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како се гушкаат и заедно позираат во болница.

Нивните лица се буквално изобличени од војната што ја водеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО