Ирански шампион во борење го промовира Хитлер како негова инспирација

Еден од најдобрите ирански борачи, Мохамадали Гераеи, западна во сериозни проблеми.

28-годишниот борач направи светска вест поради антисемитскиот говор. „Соколот“, кој е трикратен бронзен медалист на Светските првенства и азиски шампион во 2018 година, рече дека наоѓа мотивација и инспирација во сликите на Мухамед Али и … Адолф Хитлер.

Неколку израелски медиуми и невладини организации веднаш побараа извинување од борачот, а други најавија дека ќе апелираат до Светската боречка федерација и МОК да им ги одземат спортските права на Иранецот и федерацијата.

Поранешниот ирански борач и тренер и сегашен американски државјанин Сардар Пашаи вели дека е „исклучително тажен што гледа како иранските спортисти стануваат пиони во рацете на владата“ и дека „тие треба да научат да сакаат наместо да мразат“.

Пред неколку години, на еден од најдобрите ирански џудисти Сајед Молаеи му беше забрането да се натпреварува на меѓународни натпревари бидејќи одби да се соочи со џудист од Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО