ИОК: Тајландскиот бокс признаен за олимписки спорт

Alek gligor stojanov borba

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) донесе одлука за признавање на тајландски бокс и чирлидинг на заседанието во Лозана, Швајцарија.

Со последната одлука на ИОК бројот на олимписки спортови се зголеми на 37.

Овие два спорта ќе добијат и финансиска помош од ИОК за следните три години кои ќе се сметаат за пробен период за нивен развој и еден вид поддршка за да можат да аплицираат за учество на Олимписки игри.

Тајландскиот бокс има 135 национални сојузи од кои 60 признаени од нивните национални олимписки комитети. Овој спорт располага со 400 илјади регистрирани борци низ целиот свет.

Со ова боречките спортови заземаат замав во олимписките спортови откако каратето е ставено на  програмата на ОИ во Токио 2020 година.

 Чирлидингот е спорт во развој застапен кај 100 национални сојузи со четири и пол милиони регистрирани натпреварувачи.

Со последната одлука на ИОК бројот на олимписки спортови се зголеми на 37.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО