ИОК до МОК: Замрзнат статусот на боксот на Олимписките игри во Токио 2020, односно исклучување!

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги извести националните олимписки комитети, а ти националните боксерски федерации, за одлуките од состанокот одржан на 30 ноември во Токио на кој Управниот одбор на ИОК ја разгледа ситуацијата во однос на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) и изрази голема загриженост во однос на многу области од работењето на АИБА, за што впрочем и пишуваше Ипон.мк.

Како резултат на оваа загриженост, УО на ИОК започна истрага за ситуацијата преку својот Истражен комитет. Оттогаш со загриженост е проследонио и писмото од АИБА, испратено на 5 декември од страна на претседателот на АИБА до своите членки – боксерските федерации, вклучувајќи ја и Боксерската федерација на Македонија (БФМ). Од ИОК велат дека ова писмо воопшто не е во согласност со реалната состојба во однос на која тие ја имат искажано загриженоста за состојбите во АИБА, па затоа одлучи да ја разјасни целата ситуација.

Националните олимписки комитети, вклучувајќи го и Македонскиот олимписки комитет, доби задача да ја инфомира Боксерската федерација на Македонија  за одлуките на УО на ИОК донесени на состанокот во Токио. УО на ИОК искажува голема загриженост во однос на АИБА во неколку области, како и намерата на ИОК да ги заштити интересите на спортот и на спортистите, посебно во однос на:

-Започнување на формална истрага за ситуацијата во АИБА, која може да води до повлекување на признавањето на АИБА на следната сесија на ИОК (Јуни 2019) и повлекување на боксот од програмата на Олимписките игри Токио 2020;

-Замрзнување на планираниот Олимписки боксерски турнир во Токио 2020, вклучувајќи го и системот на квалификации како и продажбата на влезни билети за ова натпреварување;

-Посебно нагласување дека финансирањето на спортистите преку Олимписката солидарност на национално ниво може да биде извршено од страна на Националните олимписки комитети директно на спортистите, а таква активност преку Националните боксерски  федерации нема да биде дозволена.

ИОК потенцира дека, ценејќи ја работата на Истражниот комитет и чекајќи го завршувањето на истрагата, УО ја потврдува својата одлучност да ги преземе сите напори  за да обезбеди одржување на боксерскиот турнир за време на Олимписките игри Токио 2020. Спротивно на заклучокот на претседателот на АИБА во своето писмо од 5 декември 2018 година, ИОК верува дека Националните олимписки комитети и Националните боксерски федерации ќе ја разберат позицијата на Меѓународниот олимписки комитет, се вели меѓу другото во писмото на генералниот директор на ИОК, Кристоф Де Кепер.

IOK pismo do nacionalnite federacii.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО