ИНТЕРВЈУ: Најпознатиот македонски навивач Даниел Цонев е карате мајстор и банџи скокач (ФОТО)

Daniel conev so zname macedonia

Еден од најпопуларните македонски навивачи е Даниел Цонев кој во континуитет ги следи средбите на ракометната и кошаркарската репрезентација. Цонев деновиве повторно е во центарот на вниманието на ТВ каналите, македонските гледачи, но и странските медиуми на Светското првенство во ракомет.

Daniel Conev so Kocancani vo Mec

Но, многу малку знаат дека кочачанецот кој живее во Луцерн-Швајцарија, е каратист кој долги години го тренираше во Швајцарија.

Во есклузивното интревју Даниел Цонев открива повеќе тајни.

daniel Conev vo karate akcija

Колку што ми е познато тренираше кјокушин кај карате. Кажи ми колку време се занимаваш со карате?

-Тренирав од 1994 до 2010 година, потоа само помагав на турнири докај 2015 година.

Каде тренираше, односно кај кој мајстор? 

-Тренирав кај шихан Петер Штајманн.

Што те привлече да се занимаваш со овој спорт?

-Уште кога живеев во Македонија (Кочани), сакав да тренирам карате., Откако дојдов во Швајцарија во 1993 година почнав да тренирам во април 1994.

Daniel Conev trener karate

Кои се твоите успеси?

-Првак на Швајцарија, учество на неколку фулконтакт турнири во Европа, Тренер на националнио тим на јуниорите во Швајцарија и учество со нив на ЕП во Пловдив- Бугарија.

До кој појас стигна?

-Црн појас 1-ви дан.

Имаш ли карате идол?

-Енди Хуг, бидејќи потекнува од кјокушинкаи.

daniel Conev oboen

Но, секако познат стана не само во Македонија туку и во Европа и во светот со својата навивачка појава на репрезентациите на Македонија во кошарка и ракомет. Исто така и деновиве си цел на европските медиуми. Што е тоа што те натера на уникатноста во навивањето?

-Победите на македонските репрезентации, дружбата на навиваците. Уникатното навивање стана непланирано во Виена 2012 година. И така со времето се надоградува со мали детали. И баш ми е мило што можеме како навивачи да оставиме убава слика за Македонија и нас Македонците.

Daniel Conev so navivaci

Што значи да се навива за македонската репрезентација и да се биде дел од Фалангата?

-За секого тоа има посебно значење. Но секој Македонец нека се доживее самиот на себе, какво е чуството да си дел од Фаланга што ги бодри играчите за да победат. Исто така и ако се изгуби, да се биде дел од тоа семејство и да се гледа напред, а не назад.

Сакам да нагласам дека на натпреварите не одам само јас од Швајцарија, туку ние сме група од околу 10 лица. Но тешко да се собереме сите на една средба, но секогаш има некој од нас што оди. Таа дружба не може да се опише, едноставно, само е феноменална.

Деновиве очигледна е твојата дружба со навивачите од Кочани, кои исто така се уникатни во облекувањето. Тоа е поради локал-патриотската врска или поради облекувањето?

-Еден од навивачите од Кочани лично го знам. Во 2012 година се сретнавме во Гетеборг. Така од натпревара до натпревар се зголемија и дружбата и познатството меѓу нас.

Се знаеш ли со другите навивачи?

-Мислете на навивачите од Кочани? По ова правенство ги знам сите што беа и се уште се во Мец. Подобро ми е и мило и драго што се запознавме уште подобро. Што се однесува за навивачите од цела Македонија, на сите натпревари запознав многумина што се гледаме и се дружиме, а со дел од нив сум пријател на Фејсбук и контактираме лично.

Daniel Conev so devojki

Што обично ти велат кога ќе те видат на некое првенство?

-Многумина се изненадени, многу уплашени од очите, но како и да е, во живо сум имал само позитивни искуства.

Од друга страна, како реагираат нашите во Луцерн и Европа што те познаваат кога ќе им кажеш дека одиш да навиваш за репрезентацијата на Македонија?

-Не треба да и кажам дека навивам за Македонија, тоа на сите Македонци кои ме знаат им е познато. До сега имам само позитивни реакции.

Кој момен ти останал во сеќавање од сите овие навивачки настани?

-Отидов да се сликам со играчите, и со кошаркарите и со ракометарите… Направив селфи и сакав да станам, кога некој ми рече чекај и ние сакаме да едно селфи да имаме со тебе.

Daniel Conev so Pero Antik

Не знам колку знаат нашите читатели Даниел постојано бара предизвици, а еден од тие предивци се банџи скоковите. Како се случи да се одлучиш на овие многу опасни скокови?

-Не само од што скокав од 190 метри височина, туку скокам со падобран од авион од 3900 метри. Возам мотор, скијам на сноуборд. Авантурист сум и обожувам нови работи кои не се секојдневни, однонсо парвам работи што не ги прави секој. Лесно е да си еден од многу, теско е да имаш идеа и да се истакнеш од мнозинството.

Daniel Conev bandzi skok

Приватно со што се занимава Даниел?

-Како и секој друг и јас одам на работа. Градам кариера во работата и се трудам да постигам успех на секое поле во животот.

Кога ќе бидеш најрадосен? 

-Тешко прашање! Но, мислам кога ќе си имам своја фамилија и кога ќе можам со моите деца да одам и да навивам за Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО