Иницијативниот одбор на состанок за вонредното Собрание на КФМ, оптимисти се дека ќе изберат нов претседател

Откако Карате федерацијата на Македонија го закажа вонредното Собрание за 15 октомври во домот „Даре Џамбаз“ во Скопје со почеток во 11 часот, вечерва Иницијативниот одбор за свикување на вонредно Собрание одржа состанок, како подготовка за Собранието.

Од Иницијативниот одбор велат дека состанокот бил во насока на подоготовка за вонредното Собрание и дека се понудени конструктивни предлози за работа на Федерацијата.

Од друга страна, не го кријат оптимизмот дека се повеќе клубови им се придружуваат и дека ќе успеат во намерата да се избере нов претседател на КФМ.

Да потсетиме, на 26 септември иницијаторите за свикување на вонредно Собрание за гласање на доверба на претседателот поднесоа барање за одржување на вонредно Собрание подржанo од 30 клуба, со што беа исполнети статутарните одредби.

Барањето во името на иницијаторите за свикување на вонредно Собрание на КФМ го поднесоа Елвир Куртановиќ и Горан Алексов, на кое се имат потпишано речиси сите најквалитетни карате клубови, и што нешто значат во историјатана македнското карате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО