ИН МЕМОРИАМ – Павле Јованов Филката: Со него почнаа големите успеси на радовишкото борење!

Pavle Jovanov Filkata 2

Денес во Радовиш на 68 гоидшна возраст почина Павле Јованов – Филката, борачот кој го донесе првиот голем успех за радовишкото борење.

Јованов на Европското првенство за јуниори до 20 години во Хускарна-Шведска, во 1970 година го освои сребрениот медал. Освојува и бронзен медал на Балканијдата во 1973 година.

На ови успеси се надоврзуваат и државните и републичките титули.

Тогаш настапувал за БК Рудар од Радовиш. Кариерата ја завршува многу рано, односно неговата кариера траела од крајот на 60-тите години на минатиот век некаде до средината на 70-тите.

Погребот на Јованов е утре на гробиштата во Радовиш.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО