Денес на карате фамилијата изгуби уште еден челн, почина Миле Андоновски.
Миле Андоновски беше член на Карате клубот Мирче Ацев, потоа на КК Кисела Вода. Ги формираше и водеше карате клубовите Енергопромет, подоцна Месопромет-н.е. и Балкан.
Две години по ред беше првак на Првата македонска карате лига.
Негови најдобри ученици беа Дејан Инџевски и Александар Аврамовски.
Погребот е утре од 12:30 часот на градските гробишта Бутел, а неговото тело ќе биде изложено во капелата 11:30-12:30.
Сочуство до фамилијата.