Илир Латифи го задави Овинс Сент Про (ВИДЕО)

Илир Латифи (14-5-1 НЦ, 7-3 УФЦ) во Орландо во првата го победи Овинс Сент Про (22-11, 10-6 УФЦ).

Швеѓанецот прво го уриваше Хаитецот со лево кроше. ОСП се обиде да се спаси со бегање, но Латифи не му дозволи тоа опсипувајќи го со удари и потоа го фати во гилотина. ОСП тапкаше, но судијата беше на погрешна страна и мечот беше прекинат откако Хаитецот се онесвести.

Илир Латифи бешеаутсајдер кај букмејкерите, но успеа да ги победи и да ги порази.

https://youtu.be/PpPjV6fnnSY

По мечот Латифи го предизвика шампионот Даниел Кормиер да се борат за титулата.

https://youtu.be/28eFxY1oNs8

Џереми Стефенс (28-14, 15-13) со лакти во втората рунда го завршија Џош Еммет (13-2, 4-2 UFC) кој во претходната борба го нокаутира Рикардо Ламас. На нокаутот му претходеше ситуацијата во која Стефенс испрати сомнителни удар со коленото додека противникот беше на подот. Но, Стефенс, како и Илир, е награден со бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта и по победата побара борба за титулата во пеорлесна категорија.

Алан Јубан (16-6, 7-4 УФЦ) и Бен Саудерс (21-9-2, 9-6 УФЦ) беа во најдобрата борба на вечерта во која Јубан во втората рунда го нокаутира ветеранот.

https://youtu.be/96ZFdLp4Ik4

Поранешниот шампион на бантам, Ренан Барао, е поразен со одлука на судиите од Брајан Келер и така го претрпе петиот пораз во последните седум мечеви. Мајк Пери на ист начин е поразен од Макс Грифин.

УФЦ на Фокс 28:
Џереми Стивенс – Џош Еммет (КО, Р2)
Џесика Андраде – Тесија Торес (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-28, 29-28)
Илир Латифи – Овинс Сент Про (сабмишн, гилотина, Р1)
Макс Грифин – Мајк Пери (едногласна одлука на судиите, 29-27, 29-27, 30-27)
Брајан Келер – Ренан Барао (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Марион Рене – Сара Мекман (сабмишн, триаголник, Р2)
Ангела Хил – Марина Мороз (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Алан Јубан – Бен Саундерс (KO, Р2)
Сем Алеви – Марчин Прачнио (ТКО, Р1)
Рани Јахја – Расел Доан (сабмишн, страничен триаголник, Р3)
Алекс Перез – Ерик Шелтон (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Мани Бермуд – Алберт Моралес (сабмишн, гилотина, Р2)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО