Илиоски: Ова е голема борба за мене против европскиот и светскиот првак

Бобан Илиоски во сабота на 26 февруари ќе настапи на реномираниот настан Сенши во Варна – Бугарија и ќе се бори против домашниот борец Александар Петров во фул контакт до 85 килограми.

„Очекувам да се претставам во најдобро светло. Ова е една од најдобрите организации, учествуваат најдобрите светски имиња. Ова за мене е голема борба и отскочна штица, а противникот ни малку не е за потценување, искусен борец, светски и европски првак“, вели Илиоски пред мечот со Петров.

Бобан Илиоски изразува голема благодарност за поддршката што му ја даваат.

Александар Петров е ВАКО шампион и важи за еден од најдобрите борци во Бугарија.

Борбата ќе биде во 3 рунди по 3 минути со можност за продолжување од 1 минута доколку е нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО