Усик не може да се врати во Киев за да се подготвува за реваншот со Џошуа

Подготовките на Александер Усик за одбраната на титулите во тешка категорија против Ентони Џошуа се прекинати, бидејќи не може да се врати во Украина каде што го парви тренинг кампот.

Усик оваа недела пристигна во Велика Британија за продолжување на преговорите со Џошуа за римечот, кој треба да се оддржи во мај или јуни, иако главните делови за договорот се комплетирани. Главниот проблем е тоа што тој не може да се врати во својата тренинг-база во близината на Киев, каде што тренира од 2018 година.

„Не знам што ќе правиме за риваншот, но враќањето во Украина сега е невозможно“, изјави неговиот промотер, Алекс Красјук.

Усик го победи Џошуа убедливо на поени во септември на стадионот на Тотенхем во Лондон, и посакуваше реваншот да се оддржи во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО