Хабиб уште еднаш ја отфрли идејата за можен „граплинг“ дуел против Жорж Сент Пјер

Двајцата најдобри борци на УФЦ на сите времиња, Хабиб Нурмагомедов и Жорж Сент Пјер, веќе извесно време се во пензија.

Борбата меѓу непоразениот Дагестанец и ЖСП била голема желба на таткото на покојниот Хабиб, Абдулманап, но нивниот судир никогаш не се случи.

А колку се почитуваат покажаа за време на спортскиот фестивал Арнолд кој се одржа во Бирмингем на почетокот на октомври минатата година.

Деновиве низ медиумите кружеше идејата за можен ’граплинг’ дуел меѓу Хабиб и Жорџ, но Дагестанецот ја отфрли идејата.

„Нема смисла, можете да додадете масло во огнот, но јас не сакам да го правам тоа. Нема да се навраќам на таа тема, бидејќи сигурно нема да се борам против него. Не сакам повеќе да се борам, повеќе не ја гледам поентата во тоа“, изјави Хабиб Нурмагомедов.

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија го имаше последниот меч во октомври 2020 година против Џастин Гејџи кога го победи Американецот со задушување во втората рунда.

После тоа Хабиб доби неколку добри понуди, но не се врати на борбите, се сврте кон бизнисот…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО