Бобан Илиоски против ВАКО шампионот Александар Петров

Бобан Илиоски на 26 февруари ќе настапи на реномираниот настан Сенши во Варна – Бугарија. Илиоски ќе се бори против домашниот борец Александар Петров во фул контакт до 85 килограми.

„Ја прифативме понудата за учество на профи-борба во Бугарија на престижниот високорангиран турнир СЕНШИ, каде секоја година покана добиваат и се борат најдобрите атрактивни борци медалисти кои покажале добра борба и постигнале успех на своите официјални ВАКО кик бокс, ИФМА маи таи и кјокушинкај карате првенства.

Мечот е против ВАКО шампионот Александар Петров, кој важи за еден од најдобрите борци во Бугарија“, рече селекторот Дејан Митровски-Урко, додавајќи дека борбата ќе биде во 3 рунди по 3 минути со можност за продолжување од 1 минута доколку е нерешено.

„Ваквите борби за борци како Бобан и Диме се единствени каде тие можат да напредуваат и се подготвуваат, правејќи борби со некој борци кои се рамни на нив, за да бидат подготвени за официјалните настапи на наши, светски и европски првенства“, истакна Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО