Илија Топурија: Борбата со Махачев е онаа што сите сакаат да ја видат

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Илија Топурија, изјави дека во моментов, евентуалната борба со Ислам Махачев, е најпосакуваниот меч во MMA.
Во интервју заММА Манија, непоразениот шпанско-грузиски борец нагласи дека таков судир би го привлекол вниманието на повеќе од само спортски фанови:
„Мојата борба со Ислам е онаа што сите сакаат да ја видат – без разлика дали се фанови на MMA или не“.
Топурија е убеден дека средбата меѓу двајцата шампиони треба да се случи:
„Според мене, оваа борба треба да се случи. Да бев јас УФЦ, би направил сè што е можно за да ја организирам“.
Сепак, признава дека одлуките се во рацете на организацијата:
„Тешко е да се даде совет на УФЦ. Тие знаат како да ги стават работите во ред. Ние гледаме едно однадвор, но тие имаат појасна слика“.
Топурија заврши со јасен фокус на сопствената подготовка:
„Без разлика што ќе се случи, морам да бидам подготвен и фокусиран на она што зависи од мене“.
Евентуалната борба меѓу Топурија и Махачев би била еден од најголемите натпревари во современиот ММА, во кој ќе се соочат двајца од најдоминантните шампиони во различни тежински категории.



